Stars

Што не е во ред со Наташа Беквалац? Прочитајте ја потресната порака со која пејачката многу ги растажи обожавателите

Тажната порака на Наташа Беквалац

Пејачката Наташа Беквалац им се заблагодари на сите свои пријатели на социјалните мрежи кои и го честита роденденот и и’ испратија пораки. Сепак, иако сите очекуваа дека ќе биде среќна и денес, таа испрати порака со која многумина изненади и ги остави во шок.

„Мене денес ми е 38 роденден… Емоциите толку ми се измешани денес.. сакам да ви се заблагодарам на прекрасните пораки, на љубовта што секојдневно од вас ја чувствувате.. Ви кажав дека денес ќе излезе песната која покрај моето семејство и вас ми е најважна во животот… Но не можев денес… Се откажав… И емисијата и премиерата… Сé…“ напиша Наташа и ги растажи своите обожаватели особено оние што очекуваа дека нивната омилена пејачка ќе се издигне над целата ситуација и дека веќе успеала да ги преброди проблемите.

„Ми треба уште некој ден, ми треба уште време… Не е се како што изгледа… Не сум ни јас како што изгледам… Ве сакам и извините… но ако ништо друго, денес ми е роденден, па можете барем да ми простите… Ве сака вашата ’мала плава’’ – ја заврши Наташа со овие зборови својата тажна порака.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close