Светските медиуми го следат секој чекор на британското кралско семејство, посебно на младите симпатични членови
Но неодамна во центарот на вниманието повторно се најде принцот Вилијам, а причината за тоа овој пат беше австралиската манекенка Софи Џин Тејлор со која медиумите шпекулираат дека имал кратка љубовна врска. Имено, тој претходното зимо беше забележан како се забавува со неа во луксузното швајцарско скијалиште Вербије, додека Кејт Мидлтон се грижеше за семејството и ги вршеше своите кралски должности.
Вилијам за време на скијањето на Алпите интензивно се дружел со неа, а на фотографиите кои тогаш беа направени од папараците Вилијам целото време не се одвојувал од убавата манекенка.
„Тие беа заедно и во ноќниот клуб, се забавуваа и пиеја жестоки пијалаци се до раните утрински часови“, изјави тогаш за британските таблоиди другарот на манекенката, фотографот Глен Крон.
Принцот Вилијам која важи за член за пример од кралското семејство со овој потег разочарал многу Британци. Јавноста посебно го критикува Вилијам поради тоа што тој со своето однесување ја понизил сопругата Кејт.