Кеба и грижлив татко за Наташа и Игор кои ги има со Олга Којиќ, но со неговата ќерка Ина досега никогаш не зборувал.
Драган Којиќ „Кеба“ покрај своите две деца за кои се грижи секогаш, Наташа и Игор, ја има и ќерката Ина која неодамна наполни 19 години, а кои познатиот пејач никогаш не сакал да ја запознае.
Таа го носи презимето на својата мајка Љиљана Јевремовиќ. Своето основно и средно училиште го заврши со одлучен успех, и досега ниту еднаш не побарала помош или било што друго од својот татко.
Нејзината мајка понекогаш на социјалните мрежи ќе сподели нешто што се однесува на Кеба, а овој пат објави слика од Ина со емотивна порака која кажува како тие двете живееле сите овие години без неговото внимание.
„Мојот херој, не го сака татковото презиме, ниту валканата слава, не го сака богатството на татко. Таа е горда и храбра девојка која издржа тон неправда, ги фрли под нозете и продолжи понатаму“, напиша Љиља под фотографијата што ја објави на својот профил на Инстаграм.
Инаку, Ина на 18 февруари 2017 кога славеше полнолетство очекуваше дека Кеба барем тој ден ќе се сети на неа, па ќе и испрати барем честитка, но и нејзиниот роденден помина потполно без него. Нејзината мајка пред проблемите со него соработувала со многу пејачи и има напишано бројни познати песни, но како што и самата вели, скандалот со него скапо го платила, односно поради него ги изгубила контактите со пејачите и колегите.