Познатата бизнисменка и манекенка пред камерите отворено зборуваше за нејзиниот однос со Владо Јаневски.
Откако се појави во неговиот најнов спот не престануваат гласините дека Дунавка и Владо Јаневски се во врска. Тие неодамна беа забележани и во еден хотел во Охрид, па Дунавка во нејзиното последно интервју изјави:
„Јас сум многу искрена личност. Јас и Владо се шетаме по Охридската чаршија, низ Скопје, одиме по настани. Луѓето не гледаат и јас не сакам да ја кријам нашата љубовна врска. Многумина беа убедени дека Владо ’завршил’ со жените, но тоа не е воопшто така. Сакам да ве убедам дека жената и ден-денес претставува ’муза’ во животот на Владо. Владо е совршен љубовник. Тоа може да се види!“- изјави Дунавка.