Lifestyle

Ова е првата жена во историјата што роди осумка. Погледнете како изгледаат нејзините деца денес

Дали се сеќавате на мајката што роди осумка во 2009 година?

Таа пред да ги роди овие осум имаше уште шест деца кои живееја со неа. Погледнете што се случува со нив денес и како напредуваат.

Натали Сулман во 2009 година роди осум деца, што беше шокантна вест за Америка и целиот свет. Сите бебиња беа родени живи.

Докторот на Натали, др. Камрава пресадил 12 ембриона во нејзината матка поради што подоцна беше на суд и ја изгуби лиценцата. Докторите најчесто пресадуваат само по 2-3 ембриони.

Во тоа време Натали која беше разведена имаше шест дева кои живееја со неа. Имињата на нејзините осум деца се: Ниа, Малија, Исаја, Нарија, Џона, Макаи, Џосаја и Џеремаја.

Натали реши да се грижи сама за сите 14 деца. Планираше да се врати во школо и сама финансиски да ги обезбеди своите деца, без помош на јавноста.

„Знам дека ќе можам се да им овозможам кога ќе завршам школо. Доколку само седам и гледам телевизија, не работам ништо да обезбедам подобра иднина на своиет деца, тоа би го сметала за себичност“, вели таа.

Натали досега неколку пати се има појавено во јавност за да оствари финансиска корист, а има потпишано и договор за сопствен ријалити шоу. Но за жал, емисијата никогаш не беше снимена.

Неодамна децата прославија осмиот роденден.

Натали сега живее во мала куќа со три спални соби во близина на Лос Анџелес заедно со своите 14 деца.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close