Милиони деца во Сирија се спасени само поради својата неверојатна волја за преживување
Неверојатна желба за преживување го одбележа и животот на малата Маја Мерхи која е родена без нозе. Но за неа и за нејзините родители тој физички недостаток не беше несовладлива препрека, туку предизвик. И уште една прилика нејзиниот татко да го оствари својот сон.
Имено, 8-годишната Маја живее во бегалскиот камп кој се наоѓа во северниот дел на Сирија одеше благодарение на протези направени од страна на нејзиниот татко од конзерви од туна. А неколку случајни слики кои беа објавени на социјалните мрежи го обиколија светот и го донесоа девојчето во Турција, каде што конечно ги доби своите „вистински” нозе.
Нејзиниот татко Мохамед Mерхи, кој страда од истото пореметување, состојба наречена вродена ампутација, побегнал од Алепо со неговата жена и шест деца и нашле прибежиште во логорот за избеглици во Идлиб. Животната ситуација посебно била тешка за неговите деца, особено за Маја која како и нејзиниот татко, едвај можела да лази, пишува Њујорк пост.
„Таа не можеше да оди, па моравме да направиме нешто за да ја заштитиме од земјата“, изјави тој осврнувајќи се на импровизираните нозе направени од различни цевки и стари конзерви од туна.
Лекарите веруваат дека девојчето ќе биде во можност целосно да оди со користење на протетски нозе, благодарение на големата решителност на нејзиниот татко. Неговите протези, рачно изработени, се оние со кои всушност, девојчето научи да оди, и со тоа многу ја олесни работата на лекарите кои ќе ги спремат протезите за неа.
Направил се што е можно за девојчето да може да оди. Никој не би помислил дека ќе може да оди со нозе направени од конзерви, изјави стручно лице за протетика Mехмет Зеки Кулку.
И нејзиниот татко ќе добие нови нозе. Но овој 34 годишен маж повеќе се радува тоа што неговата ќерка сега ќе може да биде самостојна. Многу е поважно што таа ќе може да оди без да пати, нагласи тој.,
Инаку, поради судирите во Сирија 11 милиони луѓе избегаа од своите домови, а речиси половина од нив се расеани ширум светот.
Повеќе од 3.5 милиони луѓе бараат утеха во Турција.