Кија изгледа како авион
Победничката на првата сезона на реланото шоу Задруга кое што ги сруши сите рекорди по гледаност на овие простори, Кристина Кија Коцкар, со најновата фотографија на Инстаграм ги воодушеви сите.
Имено, таа замина на одмор, на Сејшелите, патување што го доби од продукцијата на Пинк по победата во Задруга. Таа од егзотичната дестинација сподели неколку сочни фотографии на кои носи минијатурни црвени бикини и со кои ги запали социјалните мрежи, но и една фотографија на која носи преубав бел комбинезон во кој изгледа неодоливо.
Нејзините обожаватели се навикнати на провокативни изданија на Кија, но овој пат поранешната стјуардеса се надмина самата себесе.
Комплименти и пофалби на сметка на нејзиниот изглед пристигаат постојано, а Кристина не крие дека и се допаѓаат ваквите коментари.