Stars

Тоше Проески во животот најмногу ја сакаше оваа девојка – еве зошто се разделија!

Тоше Проевски својот љубовен живот се обидуваше да го држи по страна колку што можеше. Беше еден од ретките пејачки кого славата не го промени и кој се обидуваше да остане свој до самиот крај. Многу се зборуваше за неговиот љубовен статус, а медиумите го поврзуваа со разни девојки иако покојниот пејач имаше само две вистински љубови кои што ги остави зад себе.

Една од нив е со ракометарката Андријана Будимир за која знаеме сите, додека втората љубов која всушност е и неговата прва и најголема љубов е со поранешната манекенка Благица Мицова. Тој со неа беше уште од трета година средно училиште, а беа заедно цели осум години, со паузи, се до нивната разделба во 2006 година кога секој замина на своја страна.

Фото: Фејсбук

Врската помеѓу Тоше и убавата манекенка не опстана, бидејќи како што се шушкаше, пејачот не посветувал доволно внимание и време на својата девојка покрај бројните обврски. Исто така и пречеле бројните обожавателки кои ги имаше се повеќе, иако според некои што беа блиски со Тоше, нивната љубов никогаш не престанала туку само, поради неговата кариера, решиле да имаат слободна врска и да не се гледаат постојано.

Како и да е, по раскинувањето тие останаа во одлични односи па Благица имаше посебно место на сите негови настапи и концерти. Сите кои ги познаваа предвидуваа брак и голема среќа, а нивните семејства останаа блиски и откако се разделија.

Фото: Фејсбук (Благица како невеста)

По смртта на Тоше Благица прекина да се занимава со манекенсвото и се посвети на своите студии по италијански јазик. Таа во 2014 се омажи со бизнисменот Виктор Ристовски, брат на поранешниот министер за образование, Спиро Ристовски, со кого денес има две деца – ќерка и син.

Фото: Фејсбук

Таа остана доследна на тоа дека нема никогаш да коментира ништо што е поврзано со нејзината голема љубов и самиот Тоше.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close