Големи се шансите да се разочарате ако порачате нешто преку интернет од непроверени интернет адреси. Сепак тоа многумина од нас не ги спречува да си поиграат со својата судбина.
Така беше и со Карен Годфри, 46 годишна мајка на три деца од Велика Британија која реши да го освежи својот гардеробер па нарача розов комбинезон преку една веб продавница.
„Треба да одам на еден настан па помислив дека можам да се почестам со нова облека, нешто во што нема да се грижам за тоа дали ќе можам да го нахранам моето бебе кое има седум месеци. Пронајдов идеално парче, нарачав поголем број и ете го, вчера ми стигна – напиша Карен на Фејсбук покај фотографијата на која се гледа како изгледа комбинезонот во интернет продавница, но и видео во кое се гледа дека комбинезонот дефинитивно и е премал.
„Не само што ми се гледа „камил тој-от“ туку целата камила“ изјави Кармен смеејќи се во видеото што насмеа неколку милиони луѓе.
Инаку, под „камил тој“ жаргонски се мисли на оцртувањето на интимните делови на телото во пределот меѓу препоните.