Референдумот ги подели и нашите репери – Слаткар VS Бизи
Реперот и хипхоперот Марко Маринковиќ попознат како Слаткар на Јутјуб објави нова песна насловена како Отворено писмо. Тој во песната повикува да се гласа ЗА на референдумот за промена на името, додека реперот Бизи му одговори со своја песна со назив Затворено писмо.
Бизи во неговата песна го нападна Слаткар наречувајќи го со погрдни зборови, но и замерувајќи му дека порано скокаше против Заев и Грујо за да на крај му седне во скутот. „Те купија но не како поет во рапот, туку ко секси кукла и те шеруваат во штабот, Марко“ пее тој во песната за Слаткар.
Тој ќе го нарече и Јуда која за пари се продала за бугарски пасош и партиска исплата во време кога почнува кампањата за референдумот.
Од друга страна пак, Слаткар во песната вели дека време е Македонија да тргне напред и да го реши проблемот што го има со Грција.
„Чувствувам потреба, а и чувствувам одговорност дека треба да им се обратам на сите оние што мислат дека живееме во шупа. Види, распоредот е убав, али народот, седиме на клупа. 30 години никако во игра да нè пуштат… Заборавивме да се смееме, туѓи песни присвојуваме, нашите не ги пееме… Ало, никој не би сакал име да мења, но ј*бига друга опција нема“, се дел од стиховите на отвореното писмо на Слаткар.
Па, која од овие две песни ви се допаѓа повеќе?