Stars

Најубавиот свадбен поклон на Александра и Филип – Брена и Боба им купија луксузна вила во Мајами од 1.5 милиони долари!

Фолк ѕвездата Лепа Брена и нејзиниот сопруг, Слободан Живојиновиќ неодамна купија нова вила на Флорида за 1.5 милиони долари.

Пејачката и нејзиниот сопруг одлучија вилата да ја поклонат на младиот брачен пар Филип и Александар.

Тие решија куќата да биде свадбен поклон за нив, и тие да престојуваат во неа. Така Александра која е бремена и која во моментов е на Јамајка, наскоро ќе замине во Мајами, и ќе ја помине бременоста на Флорида, и тоа во своја сопствена куќа, вели извор а пренесуваат српските медиуми.

Откако ја преземаа куќата со сите документи, Брена и Бобан донесоа архитекти во неа, како би ја опремиле луксузно. Куќата има три спални соби, три тоалети, две гостински соби, како и теретана, спа, базен и секако, поглед на море.

Како што вели изворот, само за реновирање фолкерката издвои 500 илјади евра. „Таа нема да жали ни едно евро за да ја направи куќата да изгледа како од бајките. Пока тоа, ангажираше и шесточлена послуга, покрај двете жени кои се грижат околу куќата. Брена има и возач, но и лични слуги.“ вели добро известениот извор, а пренесе магазинот „Glossy“.

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close