Пејачката Татјана Лазаревска и некогашната фолк пејачка Јасмина Мукаетова со години се добри пријателки.
Јасмина која по потекло е од Кавадарци заедно со својот сопруг веќе неколку години живее во Америка, но се откажа од својата музичка кариера. Таа ова лето како и нејзината пријателка Јасмина беа во Македонија, а потоа откако се дружеа во нашата земја, заедно заминаа во Њу Џерси.
Имено, Татјана наместо да се врати во Мелбурн, Австралија, каде што живее, замина на гости кај својата пријателка, а на социјалните мрежи објавија неколку фотографии на кои се гледа како уживаат.
Инаку Татјана за својот живот во Австралија и дали и недостига Македонија во една пригода за магазинот Естрада Плус изјави:
„Ние сме Македонци, Македонија е дел од нас и ние сме дел од неа. Тоа и да сакаме да го смениме не можеме. Среќа што не сакаме да го смениме. Ние го сменивме само местото на живеење, и на Марс да се качиме, повторно ќе бидеме Македонци и среќни. Ние сме слободни уметници со слободен дух, да го смениме местото на живеење не значи ништо. Таму сум со фамилијата, и не ми е важно каде сум туку со кого сум. И во Македонија бев среќна и таму сум среќна и на Марс да се качам ќе бидам среќна.“