Stars

Емина Јаховиќ се разведе од Мустафа и си најде друг Турчин? Медиумите објавија дека е во врска со милионер кој е 18 години постар од неа

Турските медиуми деновиве пишуваат за наводната нова љубовна врска на Емина Јаховиќ (36) и турскиот милионер Садетин Саран (54).

Според гласините, Емина и Садетин тајно се гледаат нешто  повеќе од еден месец, а папараците ги следат речиси во секој чекор, со цел да уловат и дознаат нешто повеќе за оваа нова љубовна  двојка.

Инаку, Садетин е поранеш менаџер на Фенербахче, а денес претседател на Саран Холдинг. Тој и Емина се познаваат уште оддамна, кога пејачката која до неодамна беше во брак со познатиот турски пејач, Мустафа Сандал, дојде во Турција.

Откако се разведе од Мустафа, со кого беше во брак од 2008 година, нејзиното срце наводно го освоил 18 години постариот милионер, со кого тајно се гледаат. Но Емина пред два дена била цел на неколку турски новинари, кои ја чекале пред фризерскиот салон повеќе од три часа за да ја прашаат за новата љубов. Пејачката се налутила на прашањето и кога излегувала од салонот бесно ја треснала вратата, на што новинарот ја прашал:

„Зошто се лутите на прашањето за Садетин? Ако не сте во врска, зошто тоа едноставно не го демантирате“?

Од друга страна, Саран медиумите го пречекале на аеродромот Ататурк, каде на прашањето за врската со Емина, тој им кажал дека никогаш не одговара на такви прашања, па нема ни сега.

Турскиот милионер до сега се женел двапати и има ќерка.

Од друга страна пак, Мустафа, според турските медиуми поминува низ пекол поради огромната алиментација и долговите што ги има.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close