Stars

Даниел Кајмакоски и неговата 13 години помлада сопруга уживаат со малиот Давид

Даниел Кајмаковски се прослави со учеството и победата на регионалното шоу „Х Фактор“, но од продукцијата никогаш не го доби албумот што му беше ветен како награда за победата. Тој неколку години по победата во шоуто се ожени со поранешната манекенка Кристина Димитриевска од Тетово, а откако со неговата сопруга станаа родители, животот им се промени 100 отсто.

Малиот Давид како што расте се повеќе наликува на Даниел, а неговите обожаватели се воодушевени од фотографиите што нивната омилена музичка ѕвезда постојано ги објавува на социјалните мрежи.

Тие со нетрпение чекаат Даниел да сними нова песна, но според она што можеме да го видиме на Инстаргам тој максимално е посветен на своето семејство, а неговите емотивни коментари што ги додава под фотографиите ги топат срцата на многу негови обожавателки.

Еве некои од нив:

„Можеби не можам да ја држам твојата рака секогаш, но можам да го држам твоето срце засекогаш“, напиша Даниел под фотографијата на која со Давид уживаат на плажите во Струга.

„Подарок од небесата, ти благодарам Господе“

 

„Моето омилено место е внатре во твојата прегратка“, пишува Даниел.

 

Даниел и Кристина која е 13 години помлада од него заедно со малиот Давид и со неговата неодолива насмевка секојдневно ги освојуваат срцата на обожавателите. И Даниел и Кристина откако станаа родители не ги кријат своите емоции од јавноста, а неговите обожаватели им возвраќаат со коментари и комплименти во кои пишуваат дека нивниот син е најслаткото дете на светот.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close