Lifestyle

Големо чудо во манастирот Туламе – мајка се молела на светецот додека нејзиниот син бил во кома. Во истиот момент детето ги отворило очите

Познато е дека во манастирот Тумане кај Голубац се случуваат чуда.

Молитвите кои се кажуваат за овој светец лечат многу болести, а најновите сведочења зборуваат дека овој светец може да им помогне дури и на оние што се во кома.

Медицината ги отпиша, молитвата ги врати

Една жена со својот син дошла во манастирот за да му се заблагодари на Свети Зосим. Додека бил во кома, таа доаѓала во манастирот да му чита молитви. По молитвите, синот се разбудил од кома, му се вратило сеќавањето, и за брзо време закрепнал потполно. На крај бил потполно исцелен.

Д. од Смедеревска Паланка бил неколку дена во кома. Неговата ќерка се обратила до манастирот Тумане братството да се моли за неговото оздравување. Откако молитвата била прочитана речиси во исто време, Д. се разбудил од комата во која пто бил подолго време. Штом излегол од лечењето, дошол во манастирот и му се заблагодарил на светецот.

Свети Зосим

Многубројни се сведочанствата за чудните исцелувања кај моштите на Светиот Зосим кои го исполнуваат летописот на овој манастир. Ваквите примери јасно сведочат за верата и љубовта на народот кон Бога и светецот кој живеел во пештера каде денес се наоѓа манастирот.

Во прашање е една од најголемите православни светии која со векови го викаат Ѓердапски Острог. Многумина доаѓаат тажни и изнемоштени од болеста, а од ова свето место си заминуваат здрави и весели.

Кој бил Зосим Тумански?

Преподобен Зосим Тумански бил еден од монасите на Sинаит од втората половинa на XIV век кои во Србија дошле за време на Кнез Лазар.

Голем молитвеник и побожник. По преданието овој Синаит живеел сам во камена пештера кај денешниот Манастир Туман. Подигањето на овој манастир, посветен на Свети архистрат Михаил, поврзано за името на Милош Обилиќ, кој во времето на кнез Лазар управувувал со Браничево (област во Србијa). По преданието, Милош во приликата на ловење ненамерно го застрелал пустинецот Зосим. Толку тешко ранет, Милош го понел во својот двор во местото Дворот (Голубец) да му се даде помош. Старацот Зосим, чувствувајќи го својот крај, му рекoл на Милош: „Тука остави ме, да умрам тука.” На местото каде старецот починал, Милош го погребал и над гробот подигнал црква, односно манастир кој се и денеска нарекува манастир Туман.

Моштите на преподобниот Зосим се наоѓаат во црквата на манастирот Туман и се откриени на 8 август 1936 година.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close