Бурак се всели во домот на својата сопруга, а веќе на прв поглед едно е сигурно – во овој луксузен стан тие ќе уживаат
Ми се допаѓа да бидам во опкружување со детали од османлискиот период, вели актерката во чиј дом едниот ѕид е украсен со кафтан „Шехерзада“, поклонот на Бурак кој вреди 10 илјади евра, со кој ја изненади својата сакана за роденден.
Фахрије станот кој се наоѓа во кварт на европската страна го купи многу пред да се запознае со познатиот турски актер кој ги освои срцата на претставничките на понежниот пол со неговата улога на Бали-бег во Сулејман Величествениот. Во прашање е дуплекс што се наоѓа на поткровје од 240 метри квадратни, со преубава тераса од која се гледа градот. Во долниот дел има салон, кијна и три спални соби, а во горниот – работна соба, тоалет, гардероба и уште една огромна спална соба која излегува на тераса средена за летно уживање, каде тие во потоплите денови уживаат.
„Фахрије тукушто ја одбрани дипломската работа поврзана со секојдневниот живот во османлиското време“ ја објасни тогаш причината за големиот напор што го вложи за да дојде до скапоцениот кафтан.
Недалеку од љубовниот кафтан стои масивен старински сандак набавен во една од бројните антикварници во Истанбул. И целиот простор е надополнет со мирисни свеќи и украсни слонови.
„Бројот на моите слонови секојдневно се зголемува“ откри актерката за својата страст за собирање на фигурки што и носат среќа.
Додека во луксузниот дуплекс не се всели Бурак, совршен ден за Фахрије, како што откри во едно интервју, бил оној што ќе го поминале дома галејќи се со своите мачки Чико и Чика, кои без ограничување прават што сакаат низ целиот стан. И тие се навикнати на неа, па кога во домот ќе дојдат непознати луѓе, се повлекуваат на големата тераса.
Тие сега Бурак сигурно повеќе не го сметаат за странец, како ни неговото куче кое во нивниот дом се досели заедно со него.