Еntertainment

Најбогатиот човек на светот откри како и кога ги носи најважните одлуки во животот

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, откри кога преферира да ги прави најтешките состаноци

Во разговор со финансиерот и водителот Дејвид Рубенштајн на еден настан во Вашингтон, основачот на Амазон изјави дека најтешките и најнапорните состаноци ги одржува наутро во 10 часот.

„Своите IQ состаноци ги одржувам пред ручек. Како и се друго што би можело да претставува ментален предизвик, состанокот е во 10 часот “ вели најбогатиот човек на светот, а пренесе „Maxim“. „До пет попладне веќе сум.. не можам да размислувам на тоа денес. Ајде да пробаме повторно утре во 10 часот“ вели тој и додава дека во кревет оди рано и станува рано. „Сакам наутро да си полежам во креветот. Па да читам весник“ вели и додава: „Сакам прво да го испијам кафето и да појадувам со децата пред да тргнат на училиште“

Безос додава и дека приоритет му е да биде одморен бидејќи смета дека тоа е критично во носењето висококвалитетни деловни одлуки. „Кога сте на висока функција, ве плаќаат за мал број квалитетни одлуки, вашата работа не е да одлучувате за милион работи секој ден“ вели тој.

И дали навистина е вредно ако квалитетот на вашата одлука биде помала бидејќи сте изморени или мрзеливи?

И колку одлуки носи некој како Безос дневно?

„Ако во еден ден направам на пример три добри одлуки, тоа е сосем доволно. Милијардерот Варен Буфет вели дека е добро да донесе три добри одлуки во текот на годината“, заклучува тој.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close