Необичен пар тврди дека со години живее само на овошје, а поради љубовта кон природната храна и се запознале и вљубиле.
Тина Стоклос од Полска веќе три години се храни само со овошје, а поради прехраната вели дека понекогаш се чувствува како „напушена“, а на стариот начин на живот никогаш не би се вратила. Таа има 39 години и е архитектка, а прв пат овошната диета ја почувствувала пред пет години, но иако веднаш ги забележала позитивните резултати, и било тешко да се држи до таквиот режим поради искушенијата понекогаш да отиде во ресторан на ручек или вечера. Поради тоа пред три години ги спакувала куферите и се преселила на Бали како потполно би се посветила на својот животен стил.
Бев претешка поголемиот дел од животот. Постојано ги менувам состојбите во кои сум или на диета или се прејадувам, и така само сé повеќе растев и се дебелеев. Имав успешна кариера, но 36 години бев сама, вели Тина која на Бали ја пронајде љубовта на својот живот, свршеникот Симон Неун.
Тие и двајцата дневно јадат помеѓу 2000 и 4000 калории, што понекогаш вклучува и до 30 банани во еден ден, додека за пиење користат само кокосова вода. „Уште во првата недела од ваквата овошна прехрана ќе се почувствувате многу поубаво, оптимистично, па дури и како да сте ’надувани’. Како да чекорев 30 сантиметри над земјата почнав да чувствувам љубов кон сé. Оваа диета навистина вреди, како за ум, така и за телото“, вели со воодушевување Тина и додава како предностите на диетата се многу– од губење на вишокот килограми, зголемен квалитет на сон и количина на енергија, се до поврзување со природата, со самите себе и другите луѓе.