Во последно време актуелни се приказните за проблемите во нејзиниот брак.
Тања Савиќ и нејзиниот сопруг Душан прославуваат 6 години брак, во кој досега имале многу добри, но и лоши моменти. Тања, која многу сака да роди ќерка, вели дека нејзиниот сопруг понекогаш ја нервира и затоа што премногу работи, се грижи за децата, пере, чисти. Но и покрај тоа што познатата пејачка во медиумите секогаш има само пофални зборови за него, неодамна се проширија гласините дека нејзиниот сопруг ужива во наркотици.
Но Тања ги демантираше овие гласини тврдејќи дека сега тој е под нејзина контрола, а она што го правел во минатото не ја интересира.
Од друга страна, некои пак шпекулираат дека пејачката е во блажена состојба, а фотографиите на кои носи широка облека, под кои се наѕира нејзиниот малку потпораснат стомак, одат во прилог на овие шпекулации.
Таа ги изненади своите обожаватели и со промената на својот имиџ, а многумина коментираат дека сега ги потсетува на Ким Кардашијан.
Таа сега има целосно рамна коса, бојадисана во темна црна нијанса, а нејзината промена предизвика бројни позитивни коментари и ги воодушеви нејзините обожаватели на социјалните мрежи.