Stars

Па зарем и е малку тоа што заработи цело богатство на нивниот грб? Луна и Слободан на Кија Коцкар и се закануваат со тужба!

Кија може да се најде во незгодна ситуација

Откако неодамна објави отворено писмо на социјалните мрежи како би се пресметала со својот поранешен сопруг Слободан Радоновиќ и неговата поранешна љубовница, Луна Џогани, според зборови на познатата пејачка, сега тие двајцата сега решиле да ја тужат.

Тие сметаат дека Кија сето она што го преживува го има наплатено, и тоа дебело, и дека преку нивните имиња стекнала слава и популарност, па сега и двајцата велат дека им е преку глава. Од друга страна и Слободан јавно изјави дека нема потреба Кија повеќе да ја навредува Луна – тие сега се разведени. Луна повеќе не се меша во нивниот однос, така што навистина нема причина повеќе да ја споменува, изјави извор близок до Слобо за Скандал.

Но ако продолжи да ги провоцира, Слобо вели дека ќе ја тужи, а и Луна тоа истото го има кажано на своите пријатели. Нека ги остави на мира, или преку суд ќе и го одземат сето она што го стекна за кратко време.

„Таа преку нивните имиња и целата ситуација за кратко време си купи автомобил стана популарна, објави песна и добро заработува. Што сака повеќе? Да сакаше можеше и Слобо да го задржи, но инсистираше на развод. Затоа најдобро и е да се смири“, изјави пријател на Слобо за Скандал.

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close