Демократијата не е барање на месијата. Ако новиот не чини, тогаш го менуваме и него. Па и следниот. И повторно. Се додека …
Познатиот српски новинар, режисер, продуцент, сценарист и активист кој одредено време живееше во Канада, е мошне активен и на социјалните мрежи. Тој на својот Фејсбук профил на кој има преку 300 илјади обожаватели од целиот свет, редовно ги објавува своите политички мислења за регионот, а деновиве сподели една мисла која апсолутно одговара и нашата политичка ситуација.
Имено, тој на Фејсбук напиша:
„Кога едни исти се вртат на власт, кукате дека нема нови. Кога ќе се појават нови, кукате дека тие немаат искуство или дека е проблемот во тоа што не личат на оние што постојано се вртат на власт. Демократијата не е барање на месијата. Ако новиот не чини, тогаш го менуваме и него. Па и следниот. И повторно. Се додека не почнат да цвилат. Е, тогаш ќе почнат да работат за нас.“
Инаку, Малагурски кој во моментов води своја емисија на Јутјуб и порталот Спутник, најмногу е познат по неговиот документарен филм „Тежината на синџирот“ во кој ја анализира улогата на Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската унија во распаѓањето на Југославија.
Во документарецот се интервјуирани Џон Перкинс, Луис Макензи, Џејмс Бисет, Џон Босниќ, Мишел Чосудовски, Бранислав Лечићќ, Веран Матићќ, Владе Дивац, Јадранка Рајхл-Кир, Раде Алексиќ, Весна Левар и многу други. Филмот беше прикажам во кината ширум Австралија, канада, САД и Србија, а учествувал и на многу фестивали низ целиот свет.